Реал Мадрид без еден од „недопирливите“ на гостувањето во Билбао

Реал Мадрид на тешкото гостување кај Атлетик Билбао в недела попладне, ќе биде без еден од двата столба на сезонава цврстата одбрана, Рафеел Варан. Французинот се повреди во првото полувреме на дуелот со Хетафе, а иако повредата на вратот не е многу сериозна, тој ќе биде поштеден и нема да патува во Билбао, па покрај Рамос, во дефанзивата ќе треба да биде Едер Милитао, кој дефанзивно е полош играч од Варан.

Варан е еден од петте „недопирливи“ на Зинедин Зидан, покрај Рамос, Касемиро, Куртоа и Бензема.

Проблемот за Реал е што нема многу избор на централни дефанзивци, бидејќи повреден е и Начо. Ќе мора да игра Милитао, а пресметката со Билбао може да биде и генерална проба за него, бидејќи во август ќе треба да игра и со Манчестер сити во ЛШ на местото на суспендираниот Рамос.

Сезонава, одбраната е силна страна на Реал, а една од причините за тоа е и стандардната форма на Варан. Гостувањето во Билбао, традиционално е тешко за мадриѓаните, но за нивна среќа ќе нема публика и тоа им е олеснителна околност. Ако слави и таму, Реал ќе направи голем чекор до титулата во шпанската лига.

- Оглас -

Најнови вести