Реал Мадрид летово ќе го врати аргентинскиот играч за врска Нико Паз од Комо, пишува „Газета дело спорт“. Во последните две сезони тој прикажува одлични настапи за италијанскиот тим, кој сè уште има шанси директно да се пласира во Лигата на шампионите.
Комо моментно се наоѓа на шестото место на табелата, но има само два бода помалку од четвртопласираниот Милан.
Реал Мадрид има клаузула од 10 милиони евра која треба да ја активира до 30 јуни за да го врати Нико Паз. Минатата година шпанскиот гигант одлучи да го остави Аргентинецот уште една сезона во италијанската Серија А под водство на Сеск Фабрегас, но сега клубот има потреба од засилувања во средниот ред.
Комо веќе работи на пронаоѓање замена за Нико Паз, а прва опција повторно е фудбалер од академијата на Реал Мадрид, Сесар Паласиос. Друга можност е Чуки од Ваљадолид, кој минатата сезона постигна седум гола и осум асистенции во втората лига, а интерес за него покажува и германскиот Вердер Бремен.

