Реал Мадрид демантираше дека има интерес кон Енцо Фернандес

Реал Мадрид излезе со официјално соопштение во кое ги демантираше шпекулациите за наводен интерес за играчот на Челзи, Енцо Фернандес.

Клубот јасно истакна дека не презел никакви активности, ниту директни ниту индиректни, за да го ангажира аргентинскиот фудбалер, и дека воопшто нема намера да отвора таква операција.

Во соопштението, Реал Мадрид нагласува дека има целосна почит кон Енцо Фернандес, кого го опишува како извонреден играч со веќе докажан квалитет, како и кон Челзи, клуб со кој, како што се наведува, одржува одлични институционални односи.

Поради почитта кон лондонскиот клуб и принципите на институционална лојалност кои, според Реал, отсекогаш ја воделе нивната работа, мадридскиот гигант категорично ги отфрла шпекулациите како неосновани и неточни.

Клубот изрази жалење што, и покрај јасноста на фактите и отсуството на каква било активност, продолжуваат да се шират информации кои не одговараат на вистината и создаваат непотребна конфузија меѓу навивачите, како и штета врз сите вклучени страни.

- Оглас -

Најнови вести