Реал Мадрид доби утешна награда во Франција, Вест хем го купи Хрватот Влашиќ

Реал Мадрид доби утешна награда од Франција и наместо долгоочекуваниот трансфер на Килијан Мбапе, во последниот ден од преодниот рок го купи Едуардо Камавинга од Рен.

Според шпанските медиуми, Кралскиот клуб ќе му плати на Рен 31 милион евра, но сумата може да биде повисока со вообичаените бонуси.

Мбапе и дефинитивно останува во Пари Сен Жермен, па Реал ќе се обиде да го добие како слободен играч идната година бидејќи договорот му истекува идното лето.

Вест хем се пофали со новото засилување, а кај Чеканите пристигна хрватскиот репрезентативец Никола Влашиќ. Трансферот од ЦСКА Москва го чини англискиот прволигаш 30 милиони евра, а Влашиќ сега е третиот најскап играч во историјата на хрватскиот фудбал, зад Ковачиќ и Модриќ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести