Реал Мадрид е на чекор од рекорд на светските првенства

Фудбалерите на Реал Мадрид се блиску до рекордот за најмногу голови постигнати од играчи од еден клуб на едно Светско првенство.

На Мундијалот 2026 година играчите на Кралевите постигнаа веќе 16 гола. Ова е два помалку од најдоброто достигнување на сите времиња (18 гола), рекорд кој го делат ПСЖ, Баерн и Хонвед.

Килијан Мбапе, кој е меѓу фаворитите за Златната копачка, веќе има 7 гола, додека Џуд Белингам и Винисиус Жуниор имаат по 4, но Бразилецот веќе се збогува со Мундијалот. Тоа важи и за Арда Ѓулер, кој постигна еден гол во групната фаза. Од Реал на СП останаа уште Мбапе, Белингам, Брахим Дијаз, Чуамени и голманот Куртоа. Новите играчи како Кукурелја, Конате и Бернардо Силва не се сметаат, тие на СП се заведени како репрезенти на други клубови.   

- Оглас -

Најнови вести