Реал Мадрид го претстави Дензел Дамфрис како ново засилување

Реал Мадрид официјално го претстави своето ново засилување за следната сезона. Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис потпиша договор со Kралскиот клуб до летото 2030 година.

Мадридскиот гигант ја активираше откупната клаузула во неговиот договор и за трансферот издвои 25 милиони евра, како што беше најавено и претходно.

Дамфрис е четвртото летно засилување за тимот на Жозе Мурињо, по пристигнувањето на Ибрахима Конате, Марк Кукуреља и Бернардо Силва.

Со доаѓањето на искусниот десен бек, Мурињо добива уште поголем избор во дефанзивната линија. За позицијата на десната бековска страна ќе конкурираат Трент Александер-Арнолд и Дензел Дамфрис, двајца офанзивно ориентирани фудбалери кои често придонесуваат и во нападот.

Дамфрис во април наполни 30 години, а во Интер настапуваше од 2021 година, кога пристигна од ПСВ за 14 милиони евра.

Во дресот на италијанскиот клуб одигра 207 натпревари, постигна 27 голови и запиша 28 асистенции, бројки што најдобро ја потврдуваат неговата офанзивна моќ и квалитет.

- Оглас -

Најнови вести