Реал Мадрид и Баерн ќе навиваат за Атлетико против Салцбург

Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе навиваат за Атлетико Мадрид против Салцбург на 9 декември и ако австрискиот тим не победи и се пласира во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, ќе почне битката на гигантите за ангажман на Доминик Собослаи.

Дури се најавува дека и во случај Салцбург да гопобеди Атлетико, можна варијанта е изворедниот унгарски репрезентативец пак да ја смени средината, а главни кандидати се Баерн и Реал Мадрид. Заинтересиран беше и Милан, но Росонерите веќе не се топ-фаворити за ангажман на 20-годишниот офанзивец на Салцбург.

Слично беше и сценариото со Ерлинг Халанд, кој си замина од Салцбург среде циклусот натпревари во Лигата на шампионите и во јануари годинава се пресели во Борусија Дортмунд за сума од околу 20 милиони евра.

Собослаи е втор стрелец на Салцбург во Лигата на шампионите, а иста му е позицијата и во австриското првенство. На австрискиот тим му одговара само победа на „Ред Бул арената“ против Атлетико Мадрид на 9 декември за да се пласира во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести