Реал Мадрид купи играч, а потоа направи џентлменски потег

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона беа многу тивки во јануарскиот преоден рок и комплетниот фокус беше свртен кон Англија. Да не биде без ич, Реал Мадрид реши да потпише со Фран Гарсија од Рајо Вајекано.

Шпанскиот лев бек потекнува од школата на Реал Мадрид, каде што играше во периодот од 2015 до 2021 година. Потоа не заигра во првиот тим на Кралевите, туку за два милиони евра беше продаден во локалниот ривал Рајо Вајекано. Во овој тим, Гарсија потврди дека има квалитет, па од Реал се одлучија дека е време да го вратат „своето дете“.

Иако Реал Мадрид има проблеми со повредениот лев бек Ферланд Менди, Кралскиот клуб направи џентлменски потег и реши да го остави Гарсија да игра во Рајо до крајот на сезоната, а дури потоа да се приклучи на тимот од „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести