Реал Мадрид летово заработи 122,5 милиони од продажби на играчи кои не ни играа за Реал

Реал Мадрид летово прави голема реконструкција на тимот, доаѓа и нов тренер, а клубот веќе има голем прилив на пари (вкупно 122,5 милиони евра) од продажба на играчи кои воопшто не го ни носеа дресот на Кралскиот клуб во сезоната 2025/2026 туку играа на друго место како позајмени.

Реал доби 60 милиони евра од продажбата на Нико Паз во Комо, со тоа што шпанскиот гигант ќе има право следното лето да го откупи младиот Аргентинец за сума од 80 милиони.

На сметката на Реал ќе легнат 20 милиони од трансферот на Виктор Муњоз од Осасуна во Ливерпул, по 15 милиони од премините на Марио Џила во Милан, и на Алваро Родригес во Борнмут, а 12,5 милиони ќе има за Реал како дел од договорот со кој Алекс Хименес се пресели во Борнмут.

- Оглас -

Најнови вести