Реал Мадрид му го понуди Камавинга на Манчестер сити

Реал Мадрид ќе се обиде да го продаде францускиот играч за врска, Едуардо Камавинга. Кралскиот клуб отпочна преговори со Манчестер сити.

Тешко лето е зад младиот фудбалер од средниот ред. Најпрво, селекторот на Франција, Дидие Дешан, поради послаба форма во вториот дел од сезоната не го повика на Светското првенство, иако Камавинга беше важен дел од тимот на претходниот Мундијал.

Сега, шпанската „Марка“ пишува дека Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се обиде да го продаде, бидејќи ниту Жозе Мурињо не го гледа во своите планови.

Клубот од Мадрид веќе направил значаен чекор во таа насока, нудејќи го Камавинга на Манчестер сити, кој претходно покажувал интерес за негов ангажман.

Граѓаните веќе потрошија околу 135 милиони евра за доведување на Елиот Андерсон од Нотингем Форест, а се обидоа да го ангажираат и Сандро Тонали, кој сепак се одлучи за Тотенхем.

Сега останува да се види дали Манчестер сити ќе се реши да го донесе и Камавинга.

Иако самиот играч сака да остане во Реал Мадрид, ситуацијата е сè посложена. Се шпекулира дека цената по која е понуден изнесува околу 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести