Реал Мадрид на ПСЖ ќе му го понуди и Азар како дел од договорот за Мбапе

Раководството на Реал Мадрид не се откажува од амбицијата во летото 2021 да ја купи француската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Во француските медиуми се појави информација дека Шпанците ги немаат неопходните финансиски средства за да го откупат договорот на Мбапе, а поради корона-вирусот, не се расположени да му понудат плата каква што бара.

Но, каталонскиот „Спорт“ објави дека во Реал ја разгледуваат можноста во зделката да биде вклучен Еден Азар. Белгиецот никако не може да крене глава од малери, нема играно на повеќе од три меча по ред и сега ќе биде во аут до крајот на 2020 година, па би можеле да го понудат како олеснување на договорот за Мбапе.

Азар е проценет на 60 милиони, па Реал за Мбапе би платил 120 милиони евра, плус Азар. Ваква вест нема во мадридските медиуми, кои се многу поблиски до раководството на Реал, па затоа прашање е колку е ова точно. Сигурно е дека во Реал за некој месец ќе има претседателски избори и актуелното раководство на чело со Флорентино Перес ќе сака да „пукне“ барем една трансфер-бомба.

- Оглас -

Најнови вести