Реал Мадрид официјално го „шутна“ едниот од Французите

Реал Мадрид официјално објави дека голманот Алфонс Ареола веќе нема да биде дел од Кралскиот клуб. Французинот се враќа во Пари Сен Жермен, од каде што беше позајмен во Реал како дел од трансферот на Кејлор Навас, а ова значи дека прва резерва на Тибо Куртоа во следната сезона најверојатно ќе биде Украинецот Андриј Лунин, кој сезонава беше позајмен во Валјадолид, па во Овиедо.

Ареола за Реал бранеше на девет меча сезонава.

- Оглас -

Најнови вести