Реал Мадрид по пауза од 117 години, ќе има странец за капитен

Реал Мадрид уште официјално нема објавено кој ќе биде новиот капитен по заминувањето на легендарниот Серхио Рамос, но влијателниот весник „Марка“ најавува дека лентата за предводник на теренот ќе му припадне на Карим Бензема.

Доколку се случи Бензема да биде капитен, Французинот ќе биде првиот странец со капитенската лента по повеќе од еден век. Последен пат странец беше капитен на Реал во далечната 1904 година, и тоа Федерико Рувелт од Гватемала.

Според пишувањата на „Марка“, правило во Реал е капитенската лента да му припадне на оној што е со најдолг стаж во екипата, а има влијание на теренот. Бензема е на „Сантијаго Бернабеу“ од 2009 година и е втор по стажот од сегашните играчи. Бразилецот Марсело е подолго од Бензема, но тешко дека тој ќе добие улога на капитен затоа што тренерот Карло Анчелоти не планира Марсело да има позначителна улога во екипата, додека Бензема е прва опција во нападот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести