Реал Мадрид подготвен да ја пушти легендата, Јувентус веднаш има понуда

Бразилецот Марсело е играчот кој може да се пофали дека е еден од оние кои со Реал Мадрид се радуваше на четири титули европски првак. Марсело дојде во Мадрид во 2006 година и повеќе од една деценија беше незаменлив на левата бековска позиција.

Во дресот на Реал досега одигра дури 505 меча, а може да се пофали дека има дадено и 37 погодоци. Сепак, многу е веројатно дека полека се ближи крајот на дружбата на Бразилецот и најтрофејниот шпански клуб. Сезонава Марсело го загуби местото во стартниот тим и започна да се зборува за негово заминување.

Јувентус е тимот кој уште пред почетокот на пандемијата со Коронавирусот покажа интерес за 31-годишниот дефанзивец кој има и многу напаѓачки карактеристики. Актуелниот договор на Марсело со Реал е до јуни 2022 година, што значи дека доколку дојде до трансфер, Старата дама ќе мора да плати одредена сума за раскинување на договорот на Бразилецот со мадридскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести