Реал Мадрид толку пари нема потрошено 10 години !

Реал Мадрид започна со создавање нов тим за следната сезона. Иако преодниот рок уште не е започнат, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе се донесени четири големи засилувања. Најпрво дојде Родриго од Сантос (45 милиони евра), потоа пристигна Диего Милито од Порто (50 милиони евра), а во последните неколку дена беа потврдени трансферите на Лука Јовиќ од Ајнтрахт (60 милиони евра) и Еден Азар од Челзи (100 милиони евра).

Вкупно за овие четворица играчи Реал досега потроши 255 милиони евра, а интересно е тоа што трансфер-периодот официјално уште не е започнат. Толку многу пари Реал нема потрошено уште од 2009 година, кога во Мадрид пристигна Кристијано Роналдо.

Освен Роналдо, таа сезона во Реал дојдоа Кака од Милан за 67 милиони евра, Карим Бензема дојде за 35 милиони евра, Чаби Алонсо (34), Раул Албиол (15), Алваро Негредо (5), Естебан Гранеро (4) и Алваро Арбелоа (4 милиони евра). Ако се соберат сите пари кои се потрошија во летото 2009 година, Реал досега има потрошено само три милиони помалку, а допрва треба да биде интересно во летниот преоден рок.

Се очекува следна цел на Реал да биде доведување на Кристијан Ериксен од Тотенхем, но и Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен.

 

- Оглас -

Најнови вести