Реал по петти пат сезонава ја менува тревата на „Сантјаго Бернабеу“ ()Фото

Реал Мадрид во саботата со 4:2 ја совлада Алмерија на „Сантијаго Бернабеу“, а откако фудбалерите и навивачите го напуштија стадионот, започнаа подготовки за менување на тревата.

Неколку часа подоцна, работници со градежнбни машини ја заменија старата трева на стадионот со нова. Ова е петти пат сезонава на „Сантијаго Бернабеу“ да се менува тревата.

Промената доаѓа откако тренерот Карло Анчелоти и фудбалерите се жалеа на квалитетот на теренот, дека тревата брзо се оштетила по што челниците на Кралевите експресно реагираа. Едно менување на тревата на „Сантијаго Бернабеу“ чини 300.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести