Реал се намачи против омилените пациенти, Бензема за 105-та победа против Еспањол (видео)

Реал Мадрид го одржа перфектниот учинок по три кола и на гостувањето кај Еспањол, каде што европскиот шампион триумфираше со 3-1 и враќање на врвот на табелата во три кола.

Актуелниот шампион во 175-тиот лигашки меч против омилениот противник успеа на потешкиот начин да ја оствари 105-тата победа, а за тоа се чекаше дури до последните минути од натпреварот.

Винисиус уште во 12-тата минута го отвори резултатот по одличната асистенција на Чуамени, меѓутоа водството траеше до 43-тата минута, кога Жозелу израмни за домаќините на 1-1.

Кога се чинеше дека вечерва нема да има победник, тогаш херојски се појави Карим Бензема, кој нaфрлувањето на Родриго го претвори во победнички гол за 2-1 во 88-мата минута и задржување на перфектниот старт на сезоната.

Во судиското надополнувње, Еспањол остана со играч помалку. По непромислен прекршок, голманот Лекомт доби директен црвен картон, па откако дефанзивецот Кабрера застана на голот, Бензема стигна до својот втор гол на мечот кој го постигна од слободен удар во стотата минута.

- Оглас -

Најнови вести