Реал Сосиедад шутна петпати и даде пет гола

Реал Сосиедад благодарение на максималната ефикасност, извојува победа од 5-3 на гостувањето кај Жирона. Овие осум голови се рекорд на стадионот „Монтливи“, а гостите шутнаа петпати во рамките на голот и ,за нивна среќа, сите завршија со погодок.

Жирона водеше со 3-2, но финишот им припадна на гостите од Баскија. Реал Сосиедад стана осми клуб во историјата на Ла Лига со 1.000 освоени бодови како прволигаш.

 

- Оглас -

Најнови вести