25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Редици пред „Олд трафорд“, сите сакаат да купат дрес од Роналдо (видео)

Премиер лигата дозволи дресот со број 7 во Манчестер јунајтед да го употребува Кристијано Роналдо, иако Единсон Кавани веќе настапи со тој дрес во новата сезона. Уругваецот без проблем му го ослободи омилениот број на Кристијано, а тој си го зеде омилениот број 21.

Откако стана јасно дека португалската мегаѕвезда повторно ќе биде „седмица“ на Црвените ѓаволи, навивачите веднаш се пуштија во шопинг да си купат негов дрес. Долги се редиците пред официјалната продавница на Јунајтед на „Олд трафорд“, а предност секако имаат фановите со сезонски билети.

Инаку, убав гест на клубот е што сите кои купиле дрес на Кавани со бројот 7, може бесплатно да го заменат и да добијат дрес со бројот 21.

https://twitter.com/footballdaily/status/1433748222435016709

Инаку, убав гест на клубот е што сите кои купиле дрес на Кавани со бројот 7, може бесплатно да го заменат и да добијат дрес со бројот 21.

https://twitter.com/footballdaily/status/1433753919738503181

- Оглас -

Најнови вести