Рекордер: има само 22 години, а веќе ги освои шпанското, англиското и италијанското првенство

Шпанецот Брахим Дијаз кој игра за Милан како позајмен од Реал Мадрид, стана најмлад фудбалер во историјата кој освоил титула во трите најсилни лиги на светот, англиската Премиерлига, шпанската Ла Лига и италијанската Серија А.

Брахим има 22 години, во август ќе наполни 23, а имаше среќа да испише историја благодарение на тоа што освои титули во три врвни лиги. Му се бројат и титулите во кои не учествуваше многу со свои настапи, но тоа и не му е важно сега рекордот е него.

Дијаз првата титула ја освои во 2018 година со Манчестер сити во Англија. Во таа сезона играше само 49 минути, сосема доволно за славје. Две години подоцна, се закити со титула и со Реал за кој одигра 130 минути, а даде и еден гол. Пак две години подоцна, во 2022, тој со Милан е првак на Италија и придонесот му е многу позначителен отколку играјќи за Сити и Реал. Имаше по четири гола и асистенции, а според минутажата, 11-ти е во составот на Росонерите.

Титули во овие три лиги пред Брахим имаа освоено само уште Кристијано Роналдо и Данило.

- Оглас -

Најнови вести