Рекордна 10-та титула за Работнички во Купот на Македонија

Работнички е нов владетел во Купот на Македонија, откако во финалниот меч славеше против Блокотехна со конечни 85:71. „Центарци“ ја освоија 10-тата рекордна титула во ова натпреварување, сега бројат еден трофеј повеќе од најголемиот ривал МЗТ Скопје, а екипата од „Градски парк“ по пауза од четири години повторно се радува во Купот.

Воведните 10 минути припаднаа на Работнички, но Блокотехна имаше супер-одговор во вториот период по кој заминаа со предност од +4 поени (45:49). Сепак, избраниците на Марјан Докузовски ги посака шутот на стартот во второто полувреме, па со серија од 14-4 ја презедоа контролата на мечот, за потоа во решавачката четвртина да ја потврдат победата.

Костов со двоен учинок од 25 поени и 11 скока го предводеше Работнички, додека Караџоски придонесе со 18 поени. Од редовите на Блокотехна најрасположен играч на паркетот беше Фундербург со 24 поени, додека Думиќ заврши со 15 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести