Рекордна добивка во Sport Life: Со 40 денари добиени над 40.000 евра!

Иван и Далибор  се двајцата среќници кои изминатиов викенд успеаја да ја освојат најголемата добивка во Sport Life обложувалници. Тие решиле во саботата да уплатат идентични ливчиња со минимална уплата од по 20 денари, а добивката им е милионска. Вкупно на два тикети, со вложени 40 денари, добивката е неверојатни 2.722.384 денари. Тикетите се уплатени во Драчево.

БОНУС ВРЕДЕН 20.000 ЕВРА

Иако тикетите се идентични, а разликата во уплатата е само 33 секунди, добивката е различна. Тоа е затоа што во тие 30-тина секунди, коефициентот за победа на Аполон Лимасон од 1,38 се намалил на 1,25. На тој начин е загубен и еден меч кој требало да се додаде и во Бонусот што го нудат во Sport Life. Затоа на едниот тикет бонусот е 96 отсто, а на другиот е 88 отсто.

Сепак, кога ќе се соберат бонусите од двата тикети, се доаѓа до неверојатна сума од 1.305.934 денари. Тоа е безмалку половина од вкупната добивка. Со овој бонус Sport Life обложувалници уште еднаш покажаа зошто се најдобри и дека секогаш мислат на своите клиенти.

СРЕЌНИ ЗА ДОБИВКАТА, НО ЗА ЕДЕН МЕЧ ИМ „ИЗБЕГАА“ 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Вкупно 31 натпревар од целата понуда на Sport Life се ставени на милионските ливчиња. Освен што ливчињата се неверојатни, Иван и Далибор имаат неверојатна приказна за тоа како успеаја да дојдат до толку голема добивка. Ако малку повеќе ги посакала среќата, добивката можела да биде и неверојатни 10.000.000 денари. Сè започнало во петокот, но сепак среќните ливчиња се уплатени во саботата.

„Често знаеме да играме заедно. Далибор е тој кој најчесто преку апликацијата на Sport Life ќе ја отвори понудата и ќе направи „километарско“ ливче. Во петокот тој беше во Куманово по работа и ми рече дека има направено тикет, а јас му реков да го уплати за мене на 20 денари. Имаше 38 мечеви, а добивката беше по пет милиони денари на тикет. Сепак, тие ливчиња не поминаа бидејќи во петокот игравме дека Борусија Дортмунд ќе победи на гости кај Аугсбург, но загуби со 2-1 и ливчињата пропаднаа. Во саботата кога се договаравме што да одиграме, едноставно решивме дека само треба да го пуштиме истиот тикет од петокот, но секако за мечевите кои останаа во сабота, недела и понеделник“, открива Иван.

ЗА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ НА ХАМБУРГЕР РЕШИЛЕ ДА СЕ ШТИТАТ, НО НЕ ТРЕБАЛО

Далибор е кум на Иван и тој што ги одбрал мечевите, но Иван имал „среќна рака“ и во саботата ги уплатил.

„Не гледам кој игра и тоа не ме интересира. Само ја отворам апликацијата и ги гледам коефициентите. Тие најчесто не треба да се поголеми од 1.70. Само ги селектирам, го составувам ливчето и потоа уплаќаме“, вели Далибор.

На милионските ливчиња имало 17 мечеви од саботата, 11 од неделата и три од понеделникот. „Во саботата си имав некоја работа по дома и воопшто не ги следев резултатите. Вечерта, преку апликацијата само го отворив тикетот и видов дека сите мечеви и резултати се со зелено обоени, што значи дека се погодени. Во неделата поактивно ги следевме мечевите, а вистинска драма беше во понеделникот. Останаа три меча, Знојно, Олимпијакос и Хамбургер. Последен беше дуелот на Хамбургер. Бидејќи се работеше за голема добивка, решивме да го „штитиме“, па ставивме 250.000 денари на Х2, но сепак навивавме Хамбургер да победи. Домаќините дадоа гол во 85-тата минута и тоа ни донесе голема радост“, раскажуваат двајцата среќници.

СЕКОГАШ БЕШЕ „ЗА ЕДНА“, ОВОЈПАТ СРЕЌАТА СЕ НАСМЕВНА

До пред оваа добивка, Далибор најмногу имал освоено 76.000 денари, а Иван добил 20.000 денари на еден тикет. Двајцата се редовни во Sport Life, а Иван е познат по тоа што мал милион пати имал ливчиња кога не успевал да стигне до добивка поради еден утнат меч.

„Играм во Sport Life повеќе од 10 години. Секој ден уплаќам, но тоа не се големи суми. Низ годините имам неверојатно многу ливчиња на кои само еден меч ќе утнам и поради тоа не можам да добијам поголема сума пари. Сепак, не се откажав и продолжив да играм, па ете се случи и тоа – да освојам голема добивка“, задоволно објаснува Иван, кој заедно со својот кум Далибор ги подигнаа заслужено освоените милиони во Sport Life.

Среќното уплатно место на Иван и Далибор, Драчево 3 во скопско Драчево


Од сите мечеви кои биле на тикетот, Јанг бојс до победата стигна со гол во 94-тата минута, но тоа беше во саботата, кога воопшто не ни следеле и не се нервирале за тоа. Во неделата, Антверпен три пати давал гол, но судијата со помош на ВАР-технологијата го поништувал. На крајот, во 85-тата минута по една таква ситуација, најпрво голот бил поништен поради офсајд, а потоа било потврдено дека е регуларен. Од вчерашните средби, Знојмо даде гол во 85-тата минута, а потоа и Хамбургер погоди во 85-тата минута за најголемата добивка.

- Оглас -

Најнови вести