Англија и Белгија во последен момент се спасија од шок во дуелите со африканските селекции на ДР Конго и Сенегал. Англија со 2:1 славеше над ДР Конго, откако губеше со 1:0 на полувреме, додека Белгија иако губеше со 0:2, на крајот со 3:2 се пласираше во осминафиналето и тоа со гол во 120+5 минута, откако по регуларните 90 минути, мечот заврши 2:2.
Со овие два натпревари, само се потврдува дека овој Мундијал е турнир на пресврти. На вкупно 11 натпревари се случи една екипа прва да даде гол, а потоа да се случи пресврт и да слави тимот кој првично бил во негатива. Никогаш претходно немало двоцифрен број на мечеви на еден планетарен собир, тимот кој прв ќе постигне гол, на крајот да биде поразен.
Освен Англија и Белгија, во нокаут фазата истиот подвиг го направи и Бразил кој губеше со 0:1 од Јапонија на полувреме, а на крајот славеше пласман во осминафиналето со триумф од 2:1.

