Реномираниот Handball Planet ни најави пред девет дена, ама не сакавме да веруваме!

Непосредно пред почетокот на Светското првенство во ракомет, специјализираниот сајт Handball Planet во својата анализа на 9 јануари објави рангирање на репрезентациите кои ќе учествуваат на првенството во Шведска и Полска.

Македонија на рангирањето на Handball Planet беше сместена на 25-тото место и најавена беше како победник на Президент купот, утешно натпреварување во кое најслабите осум тима разигруваат за што подобар пласман, ако воопшто може да смета за добар пласман од 25-то до 32-ро место на конечната табела.

Сега, откако заврши групната фаза, јасно е дека за Македонија, која убедливо ги загуби трите меча, навистина нема место меѓу 24-те најдобри на СП и ќе играме во групата 2 од Президент купот, заедно со Алжир, Мароко и Тунис.

Зависно од пласманот на табелата, ќе се знае дали на последниот меч ќе се бориме за 25-то, 27-мо, 29-то или, не дај боже, 31-во место.

- Оглас -

Најнови вести