Ренова ја гипсираше Шкендија, велешани славеа во 93-та минута

Ренова го доби тетовското, а Шкупи скопското дерби во денешните мечеви од Првата македонска фудбалска лига, а најдраматично беше во Велес каде Борец со гол на Манасиев во 93-та минута дојде до победата над Тиквеш. Кризата кај првакот Шкендија уште трае и после смената на тренерот.

Резултати, 2 коло: Борец – Тиквеш 2-1, Скопје – Брегалница 0-0, Шкендија – Ренова 1-2, Шкупи – Македонија – Ѓорче Петров 2-0, Струга Трим Љум – Пелистер 1-0. Вечерва играат Академија Пандев – Работнички.

После две кола, најефикасен тим во лигата е Ренова со три погодоци, а само Пелистер нема бодови. Засега никој нема максимални шест бода, а тоа може да го смени Работнички ако вечерва слави во Струмица против пандевци.

- Оглас -

Најнови вести