Ренова почна со зимски подготовки, од клубот си замина и Александар Ристевски

Ренова денеска претпладне ги почна зимските подготовки, а во тимот има неколку измени во однос на ликот што го имаа популарните „гипсари“ во првиот дел од сезоната.

Си заминаа петмина играчи, последен меѓу нив и стоперот Александар Ристевски, кој замина во Победа. Пред него клубот го напуштија Фернандо Силва, Миран Максути, Фатим Имери и Фатон Јусуфи.

Новаци во составот што денеска го имаше првиот собир се триото играчи Бојан Миовски, Бурхан Мустафов и Ермедин Адем.

Ренова ќе се подготвува во Тетово до последната седмица од овој месец, а главниот дел од подготовките ќе се одржат во Охрид.

Денеска со зимските подготовки стартуваше и Силекс, а ќе почне и прилепска Победа од 13 часот.

- Оглас -

Најнови вести