Ренова во 12 чекори од Европа, пропадна на дното во ПМФЛ – Чарето се знае, си замина тренерот

Ренова доживеа огромен пад во 12 чекори во домашното првенство и од учесник во квалификациите за настап во Лигата на Европа ова лето, стигна до делба на последното место во Првата македонска лига, па разделбата со тренерот Бујар Ислами беше очекувана.

Ислами си поднесе оставка со салдо од само една победа, пет нерешени и дури шест порази во првите 12 кола во ПМФЛ на екипата што лани се избори за настап во еврокуповите.

Ренова само со 8 бода е на делба на последната позиција со Беласица, па се случи и четвртата тренерска смена во Првата лига во новата сезона.

Популарните Гипсари утре од 13 часот ќе играат против Струга Трим-Лум во четвртфиналето во националниот Куп на Македонија, а токму по првенствениот дуел со стружани и поразот од 0:1 викендов, Ислами си замина од кормилото на Ренова.

Во новиот дуел со Струга Трим-Лум утре гостите од Џепчиште ќе ги предводи директорот Фисник Нухиу, како привремено решение на клупата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести