Фудбалската селекција на Зеленортски острови со игрите на Мундијалот 2026 ги освои срцата на милиони луѓе низ светот, нема кој не знае сега за феноменалниот 40-годишен голман Возиња, а денеска беше пречекани дома како национални херои по нивниот неверојатен настап на Светското првенство.
Дури и персоналот на аеродромот беше виден како клечи и им се поклонува додека се симнуваа од авионот.

Прекрасно беше да се види како илјадници фанови на аеродромот во главниот град Праја ги пречекаа фудбалерите од земјата со само 500.000 жители, кои не потклекнаа пред една Шпанија, ниту пред Уругвај, а ја намачија Аргентина во 16-финалето.


