Репрезентацијата денес пристигнува во Виена, и тоа со прослава на роденден (Фото)

Македонската ракометна репрезентација денеска на пладне треба да пристигне во хотелот „Хилтон“ во Виена. Пред утрешниот меч против Украина, славеничка е атмосферата во националниот тим.

Кинезитерапевтот Димитар Маневски има роденден, а капитенот на Македонија, Кирил Лазаров, не го заборави еден од главните луѓе кои се задолжени за здравјето на ракометарите.

Димитар доби подарок дрес со посвета од Лазаров. „За човекот со големо македонско срце и чиста душа. Среќен роденден Диме!”

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести