Петорка што победува не се менува, реприза може да донесе добивка со Полноќен експрес

8529 Ентони Едвардс (НБА, Мемфис -Минесота, 02.30 часот)

Ентони Едвардс и во плејоф-дебито во НБА потврди дека е еден од најдобрите млади играчи во најсилната лига на светот.

Ја почна авантурата во доигрување за титулата со импресивен учинок од 36 поени, 6 асистенции и два скока и, што е најважно, со победа.

Минесота има голем адут во 20-годишниот бек, кој ги има сите елементи да биде новата голема НБА-ѕвезда.

Играше искусно и многу квалитетно и ја разби одбраната на Мемфис, која немаше решение за него.

Едвардс и ноќеска ќе биде еден од главните адути на Волците за ново изненадување и предност од 2:0, а типуваме дека повторно ќе одигра квалитетно и дека ќе ја мине вкупната граница од 33,5 кога ќе се собираат поени, асистенции и скокови.

Предлог тип: >33.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

8402 Џа Морант (НБА, Мемфис -Минесота, 02.30 часот)

Морант веќе има еден плејоф зад себе, ланскиот во кој Мемфис загуби со 4:1 од Јута џез.

Џа е слична приказна како и Едвардс и за мерак на љубителите на НБА кошарката е да се гледа нивниот дуел во плејоф-серијата меѓу Мечките и Волците во првото коло во Западната конференција.

Морант на првиот меч беше одличен и постигна 32 поени, но и тоа не беше доволно да се избегне пораз.

Џа долго ќе го памети својот втор меч воопшто во плејоф-серија што го одигра лани против Јута.

Тогаш постигна неверојатни 47 поени, што е еден од најдобрите учиноци на дебитант во плејоф-серија во историјата на НБА-лигата.

Ноќеска по вторпат во кариерата игра втор меч од плејоф-серија и од него повторно може да се очекува блескава партија и учинок од над 30 поени.

Предлог тип: >29.5 поени (1.85)

 

8531 Карл-Ентони Таунс (НБА, Мемфис -Минесота, 02.30 часот)

Едвардс беше феноменален, но Карл-Ентони Таунс е човекот што беше клучен за победнички старт на Минесота против Мемфис.

Волците направија брејк, а центарот на Минесота и буквално ги разби ривалите под двата обрачи.

Таунс уште еднаш покажа дека е еден од најсестраните високи играчи во НБА-лигата, а не е едноставно да се постигнат 29 поени, со 13 скока кога играте против Стивен Адамс, еден од најцврстите кошаркари во Лигата.

Таунс танцуваше на теренот, доминираше под двата коша и беше фантастичен кога Мемфис се закануваше со пресврт.

Собра вкупно 45 поени, асистенции и скокови во вкупен збир и типуваме дека пак ќе оди над границата 40.

Предлог тип: >37.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

8564 Јонас Валанчиунас (НБА, Феникс – Њу Орлеанс, 04 часот)

Литванецот беше една од малкуте светли точки кај Њу Орлеанс во премиерниот меч од првото коло во плејофот што Пеликанс го загубија од Феникс санс со 110:99.

Валанчиунас одигра одличен меч со 18 поени и неверојатни 25 скока и повторно потврди дека е еден од најдобрите центри во НБА-лигата.

Со Деандре Ајтон пак ќе бијат голема битка под кошевите, а и од тој дуел ќе зависат многу нешта на вториот меч од плејоф серијата што се игра до четири победи.

Валанчиунас е одличен кошаркар, знае да игра и во одбрана и во напад, доминира под кошевите и ќе типуваме дека ќе оствари 13 или повеќе скокови против вицешампионот на НБА.

Предлог тип: >12.5 скокови (1.75)

 

8565 Крис Пол (НБА, Феникс – Њу Орлеанс, 04 часот)

Ветеранот сака да оди чекор подалеку од ланското финале, што Феникс го загуби од Милвоки и со оглед на тоа како го почна плејофот, Сонцата можат да бидат оптимисти.

Пол во мај ќе наполни 37 години, а желбата е да го прослави со прва титула за Феникс санс.

Еден од најдобрите бекови во историјата на НБА беше убедливо најдобар на терен на првиот меч против Њу Орлеанс и постигна 30 поени, со 10 асистенции и 7 скока во победата од 110:99.

Особено импресивно е што Пол, иако има 36 години, игра фантастични мечеви кога се крши резултатот, а во последната четвртина им даде дури 19 поени на Пеликанс.

Ноќеска повторно тој ќе ја има лидерската палка кај Сонцата во обид да се поведе со 2:0 против Њу Орлеанс, а ние ќе типуваме дека Пол лесно ќе собере триплета од вкупно 33 или повеќе поени, скокови и асистенции.

Предлог тип: >32.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести