Реши дека е поважно да го почитува ферплејот, отколку да даде гол (Видео)

Во време кога фудбалерите сè поретко се решаваат да ја исфрлат топката во аут за да му се даде помош на некој играч, во Шпанската футсал-лига потврдија дека ферплејот уште постои. На дуелот меѓу Емоушн Сарагора и Јимбе Картагена еден гостински играч направи потег за почит.

Солано беше во контакт со Чави Алонсо, по што домашниот играч остана да лежи на паркетот додека судиите не покажаа дека играта треба да биде прекината. Акцијата продолжи, гостите се најдоа во одлична шанса за погодок, но Солано, кој беше во позиција да погоди во празната мрежа, реши да ја исфрли топката во аут и да му се даде помош на повредениот играч.

- Оглас -

Најнови вести