Револуција или луда идеја на Венгер и ФИФА за идниот Мундијал, ќе се играат две одвоени натпреварувања?!

Светското првенство во САД, Мексико и Канада што треба да се одржи во 2026 година веќе е историско бидејќи за првпат ќе се одржи во три земји истовремено и за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации наместо 32, како што беше досега, а денеска доаѓаат најави за уште една историска револуција.

Мундијалот во 2026 година може да биде историски во однос на форматот на натпреварувањето, а според Арсен Венгер, кој сега е директор на ФИФА за развој на фудбалот, изјави дека се разгледуваат три опции како да се игра следното СП.

„Сè уште не сме одлучиле, но размислуваме за тоа што би било најдобро, дали тоа ќе бидат 16 групи по три екипи, 12 групи со четири селекции или две одделни натпреварувања со по шест групи во кои би играле по четири репрезентации. Победниците на тие две натпреварувања би играле во финале, кое би го дало светскиот шампион. Очекуваме одлуката да биде донесена идната година“, изјави Венгер.

- Оглас -

Најнови вести