Револуција во НБА, дури 17 од 24-те ол-стар ѕвезди од 2017 година, сега се во друг клуб

Големиот број на трансфери на важни играчи кои се случија ова лето, во НБА лигата само го продолжија трендот кој почна лани. Анализите покажуваат дека од 24-те кошаркари кои играа на ол-стар натпреварот во 2017 година, дури 17 сега се членови на друг клуб од тој што го имаа преклани.

Ентони Дејвис од Њу Орлеанс замина во ЛА Лејкерс, Кармело Ентони веќе не е во Њујорк, Деандре Џордан тогаш играше за Клиперс, Демар Дерозен од Торонто во Сан Антонио, Демаркус Казинс во 2017 беше во Сакраменто, сега потпиша за Лејкерс, Гордон Хејворд од Јута се пресели во Бостон, Ајзеја Томас тогаш беше во Бостон сега е член на Вашингтон, Џими Батлер се изнашета во меѓувреме откако во 2017 беше член на Чикаго, сега е во Мајами. Пол Џорџ беше во Индијана, сега ќе игра за Клиперс.

Марк Гасол од Мемфис прејде во Торонто, Каваи Ленард тогаш беше во Спарс, сега е во ЛА Клиперс, Кемба Вокер од Шарлот во Бостон, Кевин Дурант ќе игра за Бруклин, а за време на прекланскиот ол-стар беше во Голден стејт, Пол Милсап кој сега е во Денвер, тогаш беше во Атланта, Кајри Ирвинг тогаш беше во Кливленд, во иднина ќе настапува за Бруклин, Расел Вестбрук од Оклахома сити заминува во Хјустон, и секако Леброн Џејмс, кој преклани беше во Кливленд, сега е во ЛА Лејкерс.

Верни на својот клуб за кој играа во февруари 2017 засега му останаа Дрејмонд Грин, Стеф Кари и Клеј Томпсон од Голден стејт, Јанис Адетокумбо од Милвоки, Џејмс Харден во Хјустон, Џон Вол во Вашингтон, Кајл Лаури од Торонто.

- Оглас -

Најнови вести