Резервите на Ливерпул подобри од стартерите, Клоп има нова ѕвезда

Рајан Брустер е потенцијално новата ѕвезда на Ливерпул. Овој 20-годишен фудбалер со два гола ги спаси Црвените од пораз на контролката против австриски Салцбург.

Со головите на одличниот Патсон Дака, Салцбург тргна фуриозно и по 13 минути водеше со 2-0. Ливерпул со Алисон на голот и речиси сите најголеми ѕвезди не можеше ништо против Црвените бикови. Јирген Клоп во второто полувреме ги замени стартерите, а Брустер, кој влезе во игра на местото на Садио Мане во 64-тата минута, даде два гола, во 72-рата и во 81-вата минута, па го спаси англискиот првак од пораз.

Брустер даде гол и против Штутгарт, па со три гола на два меча, тој е најефикасен поединец кај Ливерпул во подготвителниот период. По овој меч, Ливерпул се враќа во Англија и почнува завршни подготовки за мечот од Комјунити шилд против Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести