Рибери уште жали што во 2013 година не го прогласиле за фудбалер на годината

Фудбалерот на Фиорентина, Французинот Франк Рибери, уште не може да се помири со фактот дека не ја доби „Златната топка“ во 2013 година. Тогаш Рибери со Баерн Минхен стана шампион на Германија, ги освои и Купот и Суперкупот на таа земја, а ја освои и Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа. Но, сите овие трофеи, не беа доволни за Рибери да се најде на првото место.

Најдобар играч на светот за 2013 година беше Кристијано Роналдо со 27,9 отсто од гласовите, второто место му припадна на Лионел Меси со 24,7 проценти, а Рибери беше трети со 23,3. Роналдо таа година не освои никаков трофеј, но постигна голем број на голови.

„Мислам дека беше неправда што не ја добив наградата. Што повеќе можев да направам таа година за да ја добијам Златната топка? Постигнав максимум со Баерн, не можеше повеќе. Ако гласаа само новинарите како што е сега, ќе победев. Тоа беше тежок период за мене, но останав човек на теренот и вон него” – вели Рибери.

- Оглас -

Најнови вести