Римскиот „Олимпико“ ќе биде фино пополнет на дербито со Јуве

Лацио в сабота вечерта го пречекува Јувентус во дербито на Серија А, а според сите најави, стадионот „Олимпико“ во Рим ќе биде посетен како никогаш на домашен меч на Лацијалите сезонава.

Голгетерската форма на Чиро Имобиле го искачи Лацио на третото место и со шест бода зад првакот Јувентус. Од друга страна, Кристијано Роналдо и другарите го загубија врвот минатиот викенд и сакаат што побрзо да се вратат таму.

Важноста на мечот си го направи своето, Лацио продаде 50.000 билети за саботниот меч. Лацио има 20.300 претплатни сезонски билети, десет илјади навивачи ќе има гостинскиот тим и сето тоа прави да се дојде до бројката над 50 илјади публика. Останати се само одреден број слободни места, но до сабота може и тие билети да бидат продадени.

- Оглас -

Најнови вести