Ривер ќе го кроти бразилскиот ураган за нова титула во Јужна Америка

Хорхе Вилстерман – Блуминг (00.15 часот)

Дуелот на повеќекратните боливиски шампиони ќе биде само за престиж во последното коло на Апертура. Првата етапа од шампионатот што во Боливија се игра во два дела, Апертура и Класура, завршува утревечер, а дуелот меѓу Хорхе Вилстерман и Блуминг не одлучува речиси ништо.

Домаќините можат да го прескокнат актуелниот првак Сан Хозе на петтата позиција, Блуминг сигурно ќе биде четвртопласиран.

Двете екипи имаат големо реноме во боливискиот фудбал, а дербито може да биде ефикасно за крај на првиот дел на шампионатот.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.66)

 

Депортиво Кали – Пењарол (00.15 часот)

Колумбијците веќе елиминираа една екипа од Уругвај во претходната рунда од Копа Судамерикана откако беа подобри од Гварани, но сега ќе имаат многу посериозен противник.

Интересно е што Пењарол ги има сите можни титули во пребогатата колекција на клубот што е основан пред 127 години освен пехарот од Судамерикана.

Пењарол е 50-кратен шампион на Уругвај, петпати ја освојуваше јужноамериканската Лига на шампиони, или популарниот Копа Либертадорес, а сега ќе се обиде да го крене и пехарот во Судамерикана.

Сепак, гостувањата на „Палмира“ пред бучни 50 илјади домашни навивачи не се воопшто лесна мисија, а и влогот е голем. Се игра двомеч и типуваме дека првиот меч ноќеска ќе биде цврст и со малку голови.

Двете екипи имаат играно еден двомеч меѓусебе, и тоа во истото ова натпреварување, во истата фаза во 1/16-финалето и Пењарол беше поуспешен со победа од 1:0 на гости и реми дома 2:2, па во 2014 година успеа да го елиминира Депортиво.

Предлог тип: 0-2 гола (1.35)

 

Сол де Америка – Ботафого (00.15 часот)

Сол де Америка игра скромно во шампионатот на Парагвај и моментно е во долниот дел на табелата, па гостите од Бразил ќе се обидат да ја искористат лошата фрома на противникот.

Ботафого почна на домашната сцена со три победи и два порази, а во Копа Судамерикана лесно го елиминира аргентинскиот претставник Дефенса Јустиција со две победи.

Досега Сол де Америка и Ботафого немаат официјален меѓусебен меч, а ноќеска, според коефициентите, предност имаат домаќините. Очекуваме уште еден тврд меч и ќе типуваме дека нема да има повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.46)

 

Атлетико Паранаенсе – Ривер плејт (02.30 часот)

Во Коритиба ноќеска ќе се игра спектаклот за титулата најдобра екипа во Јужна Америка. Атлетико е актуелен освојувач на Копа Судамерикана, а Ривер плејт е шампионот на Јужна Америка со пехарот во пореномираниот Копа Либертадорес.

Избраниците на Тијаго Нуњес имаат интересен прекар „Ураган“, но скромно го почнаа бразилскиот шампионат, а тоа ќе се обидат да го искористат гостите од Аргентина.

Марсело Галјардо одлично кормилари со бродот на Ривер и очекува нова титула по блескавата авантура што заврши со пехар во Копа Либертадорес.

Предлог тип: Х2&2-4 гола (2.65)

 

Ориенте петролеро – Аурора (02.30 часот)

Петкратниот првак на Болвија Ориенте петролеро по лошо ќе го памети мај, месец во кој екипата што годинава ќе слави 60 години постоење претрпе пет порази по ред.

Вечерва им е шанса да им донесат барем малку радост на навивачите на стадионот „Тахуичи Агиљера“ во Сан Хозе бидејќи играат со скромната екипа на Аурора.

Фрапантно делува податокот дека Аурора не го победила Ориенте петролеро како гостин на неверојатни 22 меча по ред.

И ноќеска домаќините се фаворити, ќе сакаат и мај и првиот дел од шампионатот да го завршат со победа и да ја прекинат серијата од пет порази по ред.

Предлог тип: 1&3+ (1.93)

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести