Робен откри како ја поминале семејната драма поврзана со Коронавирусот

Еден од најдобрите холандски фудбалери во изминативе 20-тина години, Арјан Робен, имал животен предизвик. Неговата жена Бернандијен, била заболена од Коронавирусот и имала потешка клиничка слика.

Некогашниот фудбалер на Баерн Минхен, Челзи и Реал Мадрид јавно сакаше да сподели низ какви маки поминала неговата жена во тие неколу денови борба со опасниот вирус.

„Воопшто не беше лесно, но за среќа сега е подобро и се опоравува. Притисокот кој го имаше во градите и го отежнуваше дишењето. Тоа е најлоша работа. Не се работеше за нешто што поминува за еден или два дена. Со денови едвај дишеше. Беше страшно. Симптоните беа опасни и беше потребно многу време за да се излечи“, вели Робен.

Бернандијен моментно се опоравува од Коронавирусот и набрзо треба да се врати во нормала. Таа и Робен се во брак од 2007 година и имаат три деца.

- Оглас -

Најнови вести