Само еден ден откако официјално се раздели со Португалија, за Роберто Мартинес веднаш се појави информација дека ќе стане нов селектор на шкотската репрезентација.
Овој 52-годишник е прв кандидат за функцијата. Стив Кларк ја напушти репрезентацијата на Шкотска по нивната елиминација од Светското првенство во 2026 година. Мартинес, исто така, се повлече од функцијата селектор на португалската репрезентација по СП 2026 година. Шпанецот беше на чело на португалскиот тим од 2023 година.
Иако е многу ценет во светот, сепак за него се зборува и негативно, дека е преценет и ја уништил „златната генерација“ на Белгија додека го водеше тимот и дека не направи ништо посебно со моќниот португалски состав кој имаше потенцијал за највисоки дострели.
Сопругата на Роберто е Шкотланѓанка, па веројатно не би имал ништо против да ја води репрезентацијата на земјата на неговата жена.
Шкотска ѝ е ривал на Македонија во групата од Лига Б во Лигата на нациите. Шкотите во третото коло ни гостуваат во Скопје на 3 октомври, а потоа во ноември ние им гостуваме во Глазгов.

