Робертсон си истури кафе врз панталоните и чевлите, дали тоа е лош предзнак? (Видео)

Невнимание на Нил Робертсон беше причина што неговиот дуел со Бери Хоукинс од второто коло (осминафинале) на Светското првенство во снукер почна со мало доцнење. Австралиецот додека се подготвуваше за почеток на мечот, го турна кафето со млеко и тоа се истури врз неговите панталони и чевли.

Во прв момент, тој не сфати колку многу се „избербати“, а бидејќи беа извалкани и столчето на Робертсон и тепихот во „Крусибл“ театарот во Шефилд, мораше да се чисти, па средбата почна подоцна од предвиденото.

Дали ова е лош или добар предзнак, не се знае, после четири фрејмови, резултатот е 2-2. Погледнете го „инцидентот“:

- Оглас -

Најнови вести