Роби Севиџ ја прекина пензијата и заигра фудбал на 45 години

Роби Севиџ, некогашниот член на Лестер и Блекбурн, како и поранешен велшки репрезентативец, на 45 години ја прекина пензијата и му се врати на фудбалот. Севиџ вчера одигра десетина минути од натпреварoт меѓу Скотпорт таун и Освестри таун од аматерската лига на Англија, кој заврши во корист на домаќините со конечни 3-2.

Севиџ го облече дресот на домашниот состав и влезе во игра откако се постигнаа сите пет погодоци. Инаку, за првпат од мај 2011 година Велшанецот одигра официјален натпревар, последен пат настапи за Дерби каунти во меч против Ридинг.

„Ова не е ПР шега, туку се обидувам да им помогнам на помладите фудбалери да продолжат со својот развој. Сакам да го споделам моето искуство и сè она што поминав во мојата кариера“, истакна Севиџ.

https://twitter.com/RobbieSavage8/status/1199244480550977536

Покрај Лестер и Блекбурн, Севиџ своевремено ги бранеше боите на Биргмингам, Дерби, Кру Александра и Брајтон, а потекна од школата на Манчестер јунајтед. За репрезентацијата на Велс запиша 39 настапи.

- Оглас -

Најнови вести