Робин ван Перси заминува во историјата

Холандскиот голгетер Робин ван Перси кој остави своја трага во англиската Премиер лига, утре ќе го одигра последниот меч во кариерата. Ван Перси го носи дресот на Феенорд, а уште пред почетокот на сезонава, напаѓачот најави дека ова ќе биде негова последна сезона. Сега тоа го потврди и тренерот Џовани ван Бронхорст.

„Нека ужива во моментите и во прекрасниот крај на кариерата“, рече Ван Бронхорст.

Последниот меч на Ван Перси ќе биде против Ден Хаг. Навивачите на стадионот „Де Кјуп“ се очекува на специјален начин да го испратат својот миленик. Ван Перси е „дете“ на Феенорд. На почетокот на кариерата помина пет сезони во Феенорд, а потоа, во 2004 година замина во Арсенал. Во дресот на „топчиите“ го покажа целиот свој квалитет и се стекна со светска слава. Во 278 мела за лондонскиот тим, даде 132 голови.

Потоа направи еден необичен трансфер. Замина во Манчестер јунајтед и тоа со единствена цел, да освои титула во Премиер лигата. Тоа му беше вистински потег, бидејќи во првата сезона на „Олд Трафорд“, стана шампион на Англија. Во Манчестер остана три сезони, а потоа потпиша за Фенербахче. Во 2017 година, како што се очекуваше, се врати во Феенорд, клубот од каде што и започна, а утре ќе го одигра и последниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести