Робињо и Арда Туран станаа членови на сараевски Железничар

Фудбалерот на Башакшехир од Истанбул, Един Вишќа, се покажа како добар промотор на својата земја и на клубот Железничар од Сараево. Башакшехир ги почна подготовките за новата сезона, најголемите ѕвезди останаа во клубот, а босанскиот репрезентативец Вишќа разговараше со колегите во врска со неговиот некогашен клуб и ги натера да земат членски картички.

Робињо и Арда Туран добија членски картички на Жељо, по што гордо позираа со сината картичка и на ваков начин направија убава промоција.

- Оглас -

Најнови вести