Родриго и официјално стана најскапото засилување во историјата на Лидс

Новиот премиерлигаш, Лидс, доби нов играч и тоа шпанскиот репрезентативен напаѓач Родриго Морено Мачадо, кој досега играше за Валенсија. Родриго кој има 29 години, потпиша четиригодишен договор, а Лидс за него плати 27 милиони фунти, со што тој стана најскап фудбалер во историјата на клубот чиј член е и македонскиот интернационалец Езџан Алиоски.

Родриго кој е роден во Бразил, веќе има играно во Премиерлигата, тој во сезоната 2010/2011 играше за Болтон. Последните шест сезони ги мина кај Лилјаците и во овој период даде 59 гола на 220 меча. Во минатата сезона во Лигата на шампионите, Родриго го даде голот во победата на Валенсија од 1-0 против Челзи на „Стемфорд бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести