Родриго, Винисиус и Кубо ќе играат за Реал Мадрид Б

Младите бразилски крила Родриго и Винисиус, како и „јапонскиот Меси“, Кубо, ќе играат и за Кастилја, тим кој е познат и како Реал Мадрид Б. Сите се ставени на пријавната листа на Кастилја, но кога ќе почне сезоната, ќе се види кој каде ќе игра.

За Родриго и Кубо се најавуваше дека ќе играат за Кастилја, една од причините е и тоа што немаат европски пасоши. Во првиот тим странци без европски пасоши се Едер Милитао, Винисиус и Федерико Валверде. Уругваецот Валверде на кого Зинедин Зидан смета како резерва во средниот ред, наскоро треба да добие шпански пасош, па ќе се отвори место за уште еден играч. Изненадување е што и Винисиус е вметнат во тимот на Кастилја.

Винисиус ќе му биде резерва на Еден Азар како лево крило, а правилата кажуваат дека ако тој одигра повеќе од десет меча за првиот тим, веќе нема да може да игра за Кастилја.

 

- Оглас -

Најнови вести