Рој Кин е бесен: Де Хеа и Мегваер сами да си платат такси до Манчестер (Видео)

Рој Кин реагираше бесно по водечкиот гол на Тотенхем против неговиот некогашен клуб Манчестер јунајтед и имаше легендарен монолог на полувремето.

„Јас да одлучувам Де Хеа и Мегваер нема да влезат во клупскиот автобус при враќањето назад до Манчестер. Нека си платат такси“, беше дел од говорот на Кин.

Мегваер реагираше индолентно при продорот на Стивен Бергвајн во 27. минута, а и голманот на гостите Де Хеа реагираше лошо, па Тотенхем поведе со 1:0.

По 70-на минути игра во дербито на Премиерлигата домаќините се уште водат со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести