Рој Кин е бесен: Престанете да се грижите за фризурите и играјте фудбал

Рој Кин беше еден од најголемите борци во Манчестер јунајтед и вистински капитен во златната ера на Црвените ѓаволи и јасно е дека не му се допаѓа односот на сегашната генерација на гигантот. Шампионска титула во Англија во последните 9 сезони е само мисловна именка за 20-кратниот првак и рекордер во земјата која е колевка на фудбалот.

По поразот на неговиот поранешен клуб од Манчестер сити со 4:1 во големото градско дерби, Кин беше бесен и со остри критики ги нападна играчите на Манчестер јунајтед.

„Повеќе мислат на изгледот и на фризурите, отколку да се борат на теренот. Мегваер не личи на капитен, а целиот хаос со капитенската лента и со незаинтересираниот однос на играчите влијае лошо кај големата армија навивачи. Зошто би оделе да гледаат фудбалери кои не се борат за светите симболи на клубот? Доста е и со социјалните мрежи и со глумење мода, платени се за да играат фудбал“, истакна Кин.

These guys it’s all about how am I looking, am I looking the part? Are my boots nice? Hows my hair looking? Just play the game.” Roy Keane goes full box-office with an explosive rant about Manchester United from soccer

Манчестер јунајтед е далеку од титулата и сега, а загрозено му е и учеството во Лигата на шампионите, но е шампион по инциденти и непријатни ситуации.

Вчера пред мечот со Манчестер сити, никој од клубот не знаеше дека Кристијано Роналдо си заминал за Португалија откако Ралф Рангник му соопштил дека нема да игра во манчестерското дерби.

Капитенот Хари Мегваер пред две лета имаше сериозен инцидент на Миконос, па дури заврши и со лисици на рацете во притвор.

Мејсон Гринвуд е обвинет за обид за убиство и за малтретирање на својата девојка, а има и многу незадоволство кај дел и од останатите фудбалери на англискиот рекордер.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести