Рој Кин не отстапува: Ако сите танцуваат после секој гол, натпреварите ќе траат по три дена!

Ирската фудбалска легенда, Рој Кин, постојано го критикува начинот на кој бразилските фудбалери ги прославуваат своите голови.

За Кин, долгото танцување после секој гол е непочитување на противниците. Против Јужна Кореја, на играчите им се придружи и селекторот Тите.

„Не разбирам како може селектор да танцува додека натпреварот уште трае, а на десет метри од него е противничкиот селектор. Станува збор за почитување. Танцувајте колку сакате, ама после меч во соблекувална или во ноќен клуб“ – вели некогашниот капитен на Манчестер јунајтед.

Многумина ги оправдуваат Бразилците дека тоа е нивен начин на живот, но Кин не се сложува.

„Ако сите танцуваат после гол, мечевите ќе траат по три дена. Знаете што треба? Тренерите кога добиваат профи лиценца, треба да им се покаже како да танцуваат, баталете ја тактиката“ – ироничен е Кин.

- Оглас -

Најнови вести