Рој Кин: Тажен сум, ова не е клубот за којшто играв

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, емотивно го искоментира дебаклот на Црвените ѓаволи на гостувањето кај Ливерпул.

„Не чувствувам гнев и лутина, туку тага. Нема лидери во Јунајтед, им недостасува квалитет. Има хаос во клубот, почнувајќи од врвот. Потребен е нов тренер, нови играчи, а некои фудбалери треба да си заминат. Ова сега е тажно да се гледа, тоа не е клубот за којшто играв. Не гледам дека во овој тим на Манчестер јунајтед играчите се борат и играат со гордост во дресот на клубот“, рече тажниот Кин.

- Оглас -

Најнови вести