Рој Кин верува дека Роналдо ако премине во Челзи, ќе дава 50 гола по сезона

Ирската фудбалска легенда, а сегашен телевизиски аналитичар, Рој Кин, уште во минатата сезона рече дека играта на Манчестер јунајтед не му одговара на Кристијано Роналдо и дека кога би бил во Челзи, би давал по 50 гола во една сезона.

Оваа изјава на Кин сега повторно стана актуелна, откако се зборува за сериозен интерес на Сините од Лондон да го ангажираат Португалецот, кој е поранешен соиграч на Кин, со кого беа заедно во Манчестер.

„Роналдо е фантастичен. Тој одлично ја врши најтешката работа во фудбалот, да ја шутнете топката во мрежа. Од една шанса дава гол. Гледам колку шанси креира Челзи и си замислувам како би било ако Роналдо игра таму. Би давал по 50 гола. Но, тој е во лошиот тим на Јунајтед, кој не прави многу шанси, а Роналдо сепак дава голови“, рече тогаш Кин.

- Оглас -

Најнови вести